Зошто бебињата плачат?
Често си го поставувате прашањето зошто моето бебе повторно плаче? Секоја мајка се загрижува кога нејзиното малечко плаче и се чувствува беспомошно бидејќи бебето на возраст до една година не може самото да ви каже што го боли и со колкав интензитет. Д-р Анета Демерџиева, педијатар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, советува да се изврши целосен преглед за да не се пропушти сериозна болест и внимателно да се слушаат поплаките на родителите кои најдобро го познаваат своето дете.