Оптимистите имаат поздраво срце
Научните истражувања потврдуваат дека оптимистите имаат двојно поголеми шанси за поздраво срце отколку луѓето кои на негативен начин гледаат на реалноста.
Начинот на кој гледаме нареалноста може директно да влијае на должината и квалитетот на нашиот живот. Истражувањето било изведено на над 5000 возрасни испитаници и ја открило јасната поврзаност меѓу песимистите и срцевите заболувања. Испитаниците на возраст од 48 до 84 години имале задача да пополнат прашалници во кои ќе одговорат за тоа колку се оптимисти во животот и какво е нивното ментално здравје.