Што е апгар тест?

Апгар претставува првиот тест на новороденчето што се спроведува веднаш по самото раѓање во родилната сала. Целта на апгар тестот е проценка на здравствената состојба на новороденчето со цел да се увиди потребата од итно реагирање во случај кога состојбата на новороденчето тоа го бара. Апгар тестот претставува проценка на 5 важни витални параметри: боја на кожа, дишење, срцева акција, тонус на мускулатурата и рефлексен одговор при дразба (аспирација на дишните патишта по самото раѓање).