Зошто, како и кога да пиете чај од ѓумбир?
Ѓумбирот е корен кој содржи низа хранливи материи. Често се консумира како чај, во кој можете да додадете мед или лимон само за да го подобрите неговиот вкус. Предностите на чајот од ѓумбир се многубројни за многу состојби и болести. Една од најпознатите предности е намалувањето на мачнината и тегобите. Само една шолја чај може да ги намали мачнините предизвикани од патувањето или утринските мачнини за време на бременоста. Се препорачува една шолја чај да се напиете пред да тргнете на пат.