Што мораат мажите да знаат?
Која е улогата на тестисите?
Тестисите се дел од машкиот репродуктивен систем, два јајцевидни органи со големина од околу 5 см. Секој тестис е сместен во кожна кесичка (скротум) која го држи и заштитува. Нивната локација е зад телото на пенисот. Тестисите имаат две главни функции: продукција на машкиот полов хормон-тестостерон и создавање сперматозоиди, како и нивно складирање. Доколку тие не се во одлична функција тогаш вашата машкост е ставена под знак прашалник.