Дознајте ги седумте непријатели на црниот дроб
Со повеќе од 500 функции црниот дроб е еден од најважните органи во нашето тело. Филтрирајќи ја крвта ги отстранува отровите и другите штетни состојки од телото. По пат на сложени хемиски процеси обезбедува хранливи материи потребни за одржување на животот на клетки и за создавање нови…
Карцином на тестиси
Карциномот на тестиси се појавува во половите жлезди во тестисите. Најчесто се манифестира со отекување или појава на грутка во еден од тестисите што е најчесто безболна, губење на сексуалната активност, појава на крв во ејакулатот и болки во долниот дел од грбот или абдоменот поради симптомите предизвикани од метастазите на карциномот на тестиси.
Совети за среќни и убави стапала
Човечкото стапало е чудо на биомеханичкиот инженеринг кое многумина од нас не го сфаќаат доволно сериозно сѐ додека не дојде до некаков проблем. Просечен човек во текот на својот живот во просек пешачи километража како двапати да го заобиколил целиот свет, што е прилично голем временски период поминат на нозе.
Лековитите својства на малините
Покрај тоа што во лето уживаме во вкусните плодови на малините, листовите од стеблото на ова овошје во голема мера можат да помогнат со својата лековитост. Уште во минатото ова растение се користело за намалување на телесната температура, против воспаленијата, ја олеснува бременоста, лекува цревни воспаленија, ја прочистува крвта, го регулира месечниот циклус, го забрзува потењето, лекува кожни болести. Чајот треба да се пие 2-3 пати на ден – суви или свежи листови (1 лажичка) прелијте со врела вода (250 мл), оставете да отстојат и процедете ја течноста.
Супер храна за подобро расположение
Подобрете го вашето расположение, енергија и концентрација со оваа научно докажана суперхрана
Јаболко
Јаболкото содржи флавоноид кверцетин, антиоксидант кој има улога на антихистамин и ги спречува супстанците кои предизвикуваат алергии. Секогаш јадете ја и кората на јаболкото, таму се наоѓа најголемиот дел од кверцетинот. Покрај ова, оваа состојка игра огромна улога во превенцијата од формирање тумори, разни видови карциноми, срцеви заболувања и разни воспаленија.