Болката во забите може да биде знак и за воспален синус
Заболените заби во горната вилица може да бидат една од причините за инфекција на максиларните синуси. Тоа е поради фактот што синусните шуплини се тесно поврзани со забите и устата. Максиларните синуси се најголемите параназални синуси, кои се наоѓаат во горната вилица, учествувајќи во градбата на очната, носната и усната празнина. Максиларниот синузитис обично е предизвикан од инфекција од носот, но, исто така, инфекцијата може да настане и од несанирани заби. Затоа, редовни стоматолошки прегледи се неопходни за на време да се дијагностицира и лекува инфекцијата на максиларниот синус.