Трајно решение за еректилната дисфункција

Пенилните протези се користат како последна опција во третманот на еректилната дисфункција, за постигнување и одржување на ригидност на пенисот со што се овозможува нормален сексуален однос. Основна индикација за вградување на пенилни протези претставува трајно губење на ерекција. По поставување на пенилните протези 90% од оперираните пациенти имаат нормален сексуален однос.