Бенигни цисти во дојките
Сè што се напипува како јазол во кој било дел од телото, или сè што се гледа како сенка на рендген слика, во медицината се нарекува тумор. Тумори има различни – бенигни и малигни. Кога станува збор за дојките, цистата спаѓа во групата на бенигни тумори. Таа претставува меур што се полни со течност во зависност од хормоните во јајчниците. Секојдневниот физички и психички стрес, исхрана богата со хормони и лекови кои се пијат од различни причини, може да предизвика нарушување во лачењето хормони во јајчниците и сето тоа да влијае врз жлезденото ткиво во дојките. Како последица на ова, се формираат меури (цисти) во жлезденото ткиво на дојките, кои можат да бидат единечни или во групи со различни ло- кации во едната или во двете дојки.