Ехо преглед за дијагноза на воспалено слепо црево

И покрај тоа што оперативниот зафат на слепото црево се изведува уште од 1886 година, дијагностиката на ова често заболување во одреден број случаи сè уште не е сосема прецизна.  Дијагнозата многу често може да се превиди или да биде сосема нејасна,  така што бројот на лажно позитивните и лажно негативните дијагнози расте со бројот на пациентите и достигнува бројка и до 25%.

Срцева слабост

Постојат голем број симптоми кои се јавуваат како резултат на срцевата слабост.  Најчесто, првиот симптом е чувство на недостаток на воздух при вообичаените дневни активности, потоа се јавува кашлица, отежнато дишење, чувство на умор и слабост, појава на отоци на нозете, губиток на апетитот и чувство на забрзана срцева работа.