Крварења во мозокот
Мозочните крварења опфаќаат 8 -13% од сите мозочни удари, но затоа пак имаат највисок морталитет (смртен исход) околу 62%. Карактеристично за ваквиот тип крварење е фактот дека кај 50% од преживеаните се јавува траен инвалидитет. Токму поради тој факт, од големо значење за исходот на пациентот е навремено поставената дијагноза и итен третман.