Кои се причините за крварење во менопауза

Менопаузата е дефинирана како отсуство на менструален циклус од една година. Просечната старосна граница за менопауза е 51 година, но нормалната граница се движи од 45 до 55 години. Годините до овој период се нарекуваат перименопауза, односно oвој термин значи околу менопауза. Овој период може да трае и десетина години. Во текот на перименопаузата изместувањето на хормоналните нивоа ја спрeчува овулацијата и предизвикува промени во менструалниот циклус.