Ранецот да не зафаќа повеќе од две третини од грбот
Пред поаѓање во училиште родителите се соочуваат со дилемата каков ранец треба да носи нивното дете, колку да тежи за да не го искриви рбетот.
Д-р Аница Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ, специјалист по физикална медицина и рехабилитација вели дека училишниот ранец не треба да е преголем, односно да не опфаќа повеќе од две третини од грбот. Таа објаснува дека прерамките треба да се широки, за да се обезбеди рамномерно распоредување на тежината на двете рамења.