Не сакам да одам на училиште

На почетокот од  учебната година поголем број на деца со нетрпение го очекуваат враќањето во училишните клупи. Но, за жал некои деца имаат страв од училиште, па почетокот на учебната година за нив и за нивните родители е вистинска ноќна мора. Многу психолози сметаат дека основниот проблем за училишната фобија треба да се бара во односот на родителите кон децата. Во ваквите ситуации најчесто родителите, а не децат,  се тие  на кои им е по требна стручна помош.