Аритмијата не е секогаш последица на срцево заболување
Нормалната срцева фреквенција во мирување е меѓу 60 и 95 удари во минута. Срцев ритам помал од 60 удари во минута е срцева брадикардија, која претставува нормален ритам кај активни или поранешни спортисти. Срцев ритам поголем од 100 удари во минута без физичка активност е срцева тахикардија која во некои случаи бара консултација со кардиолог. При физичка активност нормално е срцевиот ритам да се забрза, но постепено. Степенот на забрзување на срцевиот ритам зависи од физичката кондициска подготвеност на индивидуата. По физичката активност, срцевиот ритам постепено се враќа во нормални граници. Кај децата помали од 14 години, нормално е ритамот во мир да биде и поголем од 100 удари во минута.
Наглата промена на времето ги покачува слободните радикали во крвта
Промената на времето, која настапи вчера, го зема својот данок зголемен е бројот на пациенти, има и со мозочни удари.
При нагла промена на времето доаѓа до нарушување на антиоксидантниот статус во организмот, со тоа што се покачуваат слободните радикали во крвта. Ова зголемување ја предизвикува метеопатијата и се појавуваат симптоми од општ карактер како што се главоболка, несоница, општа малаксаност, зголемен крвен притисок, предупредува д-р Татјана Чепреганова-Чанговска, невролог во Клиничка болница „Аџибадем Систина” во Скопје.