Што е срцева слабост?
Срцевата слабост е хронична, прогресивна состојба кога срцето не е во можност да испумпа доволно крв низ телото и органите за да ги задоволи потребите од кислород и хранливи материи. Како последица на оваа состојба настануваат промени во срцето, поради кои, во обид да се задоволат потребите на организмот, настанува зголемување на волуменот на срцевите кавитети, зголемувајќи го бројот на срцевите удари и на мускулната маса на срцето. Срцевата слабост може да биде и акутна кога се јавува поради акутно заболување на срцето најчесто при срцев удар.