Заздравување на раната по царски рез
Од година во година бројот на породувања со царски рез се зголемува на светско ниво. Породувањето со царски рез, ако нема вистинска индикација, не е секогаш најбезбеден и најсигурен начин за завршување на породувањето. Секогаш кога постојат услови, треба да се инсистира на природно породување бидејќи времето на заздравување и на рехабилитација по природното породување е пократко и е со помалку компликации.