Витамин Д за силни коски и имунитет

Ако летниот период беше одличен за „крадење“ на сончевите зраци и зголемување на нивото на витаминот Д, есенските и зимските денови го губат најважниот  извор на овој витамин. Знаеме дека  витаминот Д е од голема важност, но што всушност прави тој и во колкава мера ни е потребен ? Последните истражувања даваат акцент на значењето на овој витамин во развојот на мозокот.

Витаминот Д помага организмот полесно да го апсорбира калциумот и преку тоа има значајна улога за густината и цврстината на коските. Бројни истражувања покажуваат дека витаминот Д помага во регулацијата и создавањето  на клетките одговорни за имунитетот со што влијае врз целиот имун систем. Недостигот на овој витамин може да предизвика слаби и лесно кршливи коски како и намалена мускулна сила кај повозрасните.