Детектирајте навреме – карцином на бели дробови!

Карциномот на белите дробови е многу подмолна болест и еден од најчестите карциноми кои се јавуваат кај машката популација. Оваа болест може долго време да се крие зад воспаленијата или кашлиците на кои не им придаваме големо значење. Само раното дијагностицирање дава можност за излекување од ова болест, која сè повеќе зема замав, вели д-р Оливер Јовковски, пулмоалерголог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.