Најчести проблеми кои ги вознемируваат мажите
Познатите личности како Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам, Бред Пит создадоа нов поглед за тоа како мажот треба да внимава и да се грижи за својот изглед. Голем број мажи во светот почнаа да ги менуваат навиките и тргнаа по стапките на славните личности. Денеска секој маж сака да изгледа помладо и сè повеќе време поминува во грижа за кожата и косата. Дерматолозите ви ги претставуваат најчестите проблеми кои ги вознемируваат мажите. Исто така, ви нудиме и најсовремени решенија како да ги надминете истите.