Епилептични напади во детството
Епилептичните напади се најчестиот симптом во педијатриската неврологија. Тие се извор на голема загриженост на родителите, особено кога се соочуваат со овој проблем за прв пат во домашни услови. Важно е да се потенцира дека во најголем број од случаите нападите се самоограничувачки и спонтано завршуваат без било какви долготрајни последици по детето.