Како да го спречите ноќното чкрипење со забите?
Голем број луѓе честопати свесно или не чкрипат со забите, а оваа појава медицински се нарекува бруксизам. Иако луѓето не ѝ обрнуваат големо внимание, чкрипењето може да направи голема штета на забите. Се појавува кај сите возрасти и не ги изостава ниту најмалите. Оваа лоша навика при која силно се притискаат или стругаат забите преку поместувањето на долната вилица од лево кон десно или напред назад често е поврзана со стресот, напнатоста, стравот, динамичниот начин на животот или замор. Внимавајте, доколку бруксизмот е честа појава може да предизвика и оштетување на забната супстанца, фрактура, но и искривување на забите и абнормалности при гризењето.