Бактерии кои ги напаѓаат децата
Стафилококус ауреус, мораксела катаралис и стрептококус пнеумонија се најчестите бактерии кои се наоѓаат во носот кај малите дечиња. Токму овие бактерии се најголем проблем кој ги мачи родителите. Тие се условно патогени, што значи дека не треба и не мора да се лекуваат со антибиотик. Но, во дадена ситуација ако детето се разболи од вирусна болест со што би опаднал општиот и локалниот имунитет во носот, може тие да се намножат повеќе и да претставуваат опасност. Кај 70% здрави деца во носето се наоѓа бактеријата стрептококус пнеумонија. Најголема грешка е кога родителот врз основа на микробиолошиот наод му дава антибиотик, дури и кога се работи за локален антибиотик во носот.
Карцином на бубрези
Како и сите органи во телото така и бубрезите се подложни на малигни заболувања. Иако не се многу чести, истражувањата покажуваат дека расте бројот на пациенти кои заболуваат од малигни заболувања на бубрезите. Статистиките велат дека се јавува кај 3- 5 пациенти на 100.000 или во Македонија годишно се откриваат од 80 до 100 нови случаи. Овој вид карцином најчесто се јавува во понапредната возраст и многу е почест кај машката популација. Постојат два вида карциноми на бубрезите – едниот ја напаѓа кората на бубрегот, а другиот вид ја напаѓа срцевината на бубрегот, одводните каналчиња, бубрежното леѓенче и мочните канали.
Враќање на гласот по карцином на грло
Тотална ларингетомија е интервенција која се прави за да се отстрани карциномот на грло со целосно отстранување на гркланот. Оваа интервенција остава низа последици кај пациентот, а најтешка последица од оваа интервенција е трајно губење на гласот. Но за среќа во последните 10 години се применува современа метода за рехабилитација на гласот со вградување на говорни протези.