Неколку совети како да ги надминете нападите на паника
Основна карактеристика на т.н. панично растројство се повратните напади на силна напнатост која прераснува во паника, без за тоа да постои видлива, реална причина. Ваквите состојби можат да се јават кај секого и во секое време. Сепак, кај лицата кои страдаат од ова растројство можат да се пронајдат многу сличности во однос на нивните карактерни црти.