Вашето срце во 3D
По електрокардиограмот (ЕКГ), ехокардиографијата, или ехо, е најчесто неинванзивно испитување на срцето. Д-р Оливер Бушљетиќ, интервентен кардиолог, од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ објаснува дека кардиолошкиот преглед денес не е целосен ако не се направи ехо на срце. Ова испитување служи за мерење на големината на сите делови од срцето, „пумпната сила“ на срцето, како и градбата и функцијата на валвулите, т. е. залистоците. Овие параметри овозможуваат откривање на различни болести на срцето, следење на текот на болеста и ефектите од лекувањето.