Воспаление на слузницата на дебелото црево

Улцеративниот колитис спаѓа во групата инфламаторни болести на дигестивниот тракт. Улцеративниот колит секогаш се јавува само на дебелото црево и ректумот и го зафаќа неговиот внатрешен слој (слузокожа) каде се јавуваат воспалителни промени проследени со улцери (поголеми или помали рани во слузокожата). За разлика од улцеративниот колити, кроновата болест може да се јави на кој било дел од дигестивниот тракт, но најчеста е на тенкото и дебелото црево и ги зафаќа внатрешните слоеви на ѕидот на цревото. Овие воспалителни болести се од хроничен карактер.