Мотивирајте ги децата да бидат активни

Здравиот организам во зрелите години е резултат на вложувањето во здрави навики уште од детството. Дијабетес, артериосклероза, срцев удар и другите сериозни заболувања никогаш не ги поврзуваме со нашите деца, но учејќи ги на здрави навики ги превенираме овие болести кои може да се појават во нивниот понатамошен живот.

Лоши навики кои го уништуваат сонот

Сонот позитивно влијае на здравјето поради многу причини, го одмара телото и ги ослободува токсините од мозокот. На секој организам, независно од годините му е потребен оптимален седум до осум часовен одмор. Здравиот сон зависи од многу фактори – од дневните активности, настани, чувства и емоции. Иако со годините имате чувство дека може да функционирате добро и со помалку часа сон, сепак хроничното нарушување на сонот сериозно може да влијае на квалитетот на живот.