Дали стресот е виновен за доцнењето на менструалниот циклус?
Хипоталамусот и хипофизата се жлезди во мозокот кои го контролираат менструалниот циклус, а со тоа и репродуктивната способност на жената. Хипофизата создава хормони кои ги стимулираат јајниците да ги произведуваат женските полови хормони, естрогенот и прогестеронот. Овие хормони ја припремаат внатрешноста од матката за возможна бременост. Кога бременоста нема да се случи хормоналните нивоа опаѓаат и внатрешната слузница од матката се излуштува и тоа се вика менструално крварење.