Губење на слухот со годините
Иако можеби не го доживуваме премногу сериозно, губењето на слухот е една од состојбите кои се причина за изолирање на личноста од социјалниот живот и секојдневните активности. Луѓето кои имаат нарушен слух најчесто се срамат од тоа и се повлекуваат во себе. Затоа, многу е важно да се справите веднаш доколку забележите проблем со слухот бидејќи одложувањето на посетата на доктор може дополнително да ви го наруши слухот и да ве оттргне од активностите во кои претходно сте уживале.