Тумори на ’рбетен столб
Спиналните тумори се абнормални ткива лоцирани во ’рбетниот столб и ’рбетниот мозок . Од нив, 90 – 95% се лоцирани во ’рбетниот столб, а само 5% го напаѓаат `рбетниот мозок. Спиналниот тумор кој се раширил од друга регија во телото се нарекува секундарен или метастатски тумор. Туморите кои се формираат во самиот ’рбет се познати под името примарни тумори и се многу ретки. Овие тумори може да бидат бенигни и малигни. Иако бенигните тумори може да бидат многу болни и да го оштетат коскеното ткиво, сепак, малигните се многу поопасни. Причината за најголемиот дел примарни тумори е непозната. Понекогаш може да биде генетскиот фактор или, пак, изложувањето на агенси кои предизвикуваат канцер.
Карцином на мочен меур
Мочниот меур е орган кој ја складира урината од бубрезите сѐ до нејзината елиминација од телото. Внатрешната површина на мочниот меур е обложена со епител познат како преоден епител, чија цел е да го заштити мочниот меур од влијанијата на урината. Кај карциномот на мочниот меур овие клетки почнуваат да се размножуваат неконтролирано и ги заземаат здравите ткива. Според д-р Александар Мицковски, специјалист хигург-уролог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ карциномот на мочен меур најчесто се јавува кај луѓе на возраст над 55 години, а најпознат ризик фактор е пушењето.
Градна болка
Ангина пектрорис е медицински термин за болка во градите како последица на коронарна болест на срцето. Таа се манифестира со намален проток на крв во срцевиот мускул поради насобраните масни наслаги кои прават стеснување во артериите. Пациентите чувствуваат болка, стегање и притисок во градите. Ангината е релативно честа појава и тешко може да се разликува од другите болки во градите.