Анемија – причина за недостиг на кислород на организмот
Анемија е состојба која се јавува кога крвта нема доволно црвени крвни клетки (еритроцити) или хемоглобин. Хемоглобинот претставува главен составен дел на црвената клетка чија улога е да го носи кислородот до клетките. Затоа, доколку имате намален број црвени крвни клетки или намалени вредности на хемоглобинот, клетките во вашето тело нема да бидат во можност да добиваат доволно кислород.