Најдобар начин да го победите меланомот е да ги знаете симптомите

Како и кај сите карциноми, и кај меланомот, раното откривање ги зголемува шансите  за добра прогноза и третман. Во најголем дел од случаите, карциномот на кожа се лекува доколку навреме се дијагностицира. Затоа, најдобро решение е да правите редовен преглед на вашето тело. Погледајте ги сите бенки на вашето тело и забележите доколку има било каква промена.