Имате главоболка, можеби се синусите
Синусите се коскени шуплини лоцирани помеѓу коските на лицето (фронтален синус, максиларен, етмоидален и сфеноидален). Најчеста причина за воспаление на синусите се инфекции или алергиска реакција. Кога синусите се воспалени тие создаваат повеќе слуз со што доаѓа до затнување на одводните канали поврзани со носната празнина. Зголемениот притисок во синусите предизвикува болка која се чувствува како главоболка.