Лубеницата – моќен антиоксидант и чувар на срцето
Лубеницата во најголем процент содржи вода, дури 92%, a содржи и изненадувачки многу хранливи состојки. Со секое парче лубеница внесувате значително количество витамин А, Б6 и Ц, ликопен, антиоксиданси и аминокиселини. Лубеницата не содржи масти а има многу малку сол па затоа е и идеален избор за летниот период.
Кожа чувствителна на УВ зраци
Чувствителноста на сонце, или фотосензитивност, е реакција на кожата на ултравиолетовите зраци. Еден тип реакција е фототоксична реакција, која се јавува кога УВ зраците реагираат со заштитното средство нанесено на кожата при што се формира хемиска супстанца што ја оштетува кожата. Главен симптом на чувствителноста на кожата на овие зраци се изгореници, кои се јавуваат веднаш или неколку часа по изложувањето на сонце на местата кои биле директно изложени на овие зраци.