Прва помош при срцев удар

D-r Oliver Bušljetić

Подолго време по социјалните мрежи се споделуваат различни препораки за тоа како да си помогнете при појава на првите знаци на срцев удар.  Споделената препорака е да се почне со брзо и длабоко кашлање, кое треба да го одржи во свест пациентот и да му помогне да ја преживее кризата. Д-р Оливер Бушљетиќ, интервентен кардиолог, вели дека во реалниот живот, оваа состојба се развива брзо и пациентот нема време за реакција. Прочитајте ги неговите стручни совети за прва помош при појава на знаци на срцев удар.

„Исклучително важен е периодот од почетокот на срцевиот удар до првиот контакт со доктор, односно поставување на дијагнозата срцев удар. Во првите часови од почетокот на срцевиот удар, најголема опасност се т.н. живото-загрозувачки пореметувања во работата на срцето како изразито бавна срцева работа или изразито брза срцева работа.“ вели д-р Бушљетиќ.