Децата лесно може да дехидрираат на плажа

И покрај тоа што се опкружени со вода, децата најлесно може да дехидрираат додека си играат на плажа. Доколку ги оставите на себе, децата може цел ден да си играат на песокот или покрај базенот. Прочитајте неколку совети како да го спречите сериозното губење течности за време на летниот одмор.

Дијабетично стапало

Артериите се како дрво. Аортата е стеблото што се разгранува на сè помали гранки и завршува со гранчиња на листовите. Артериосклерозата како процес на таложење масни материи и калциумови соли го зафаќа стеблото, големите гранки сè до гранчињата на листовите, а шеќерната болест ги уништува гранчињата на листовите. Според д-р Митко Караѓозов, тораковаскуларен хирург во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кај долгогодишни пациенти со шеќерна болест настанува уништување на крвните садови, односно гранчињата на листовите, и настанува дијабетична ангиопатија. Сето ова доведува до намалување на исхраната на ткивата на периферијата.