Проф. д-р Васко Василевски препорачува – Направете колоноскопија по 50-та година

Карциномот на дебелото црево е трета водечка причина за смртност. Како и другите карциноми, во почетен стадиум болеста нема знаци на заболување. Затоа, се советува секој човек над 50 години да направи скрининг тестови, како тест за скриено крвавење и колоноскопија, за навреме да се открие болеста.