Бубрежна слабост
Бубрезите играат значајна улога во функционирањето на организмот. Тие се одговорни за филтрирање на крвта и ослободување на телото од непотребните продукти, го контролираат нивото на крвниот притисок, прават баланс на електролитите во телото и го стимулираат создавањето на црвените крвни клетки.
Како настанува канцерот?
Нашиот живот е почнат од само една клетка. Таа е градбената структура на секое ткиво и орган. Преку процесот на делба, клетките се размножуваат и создаваат ткива и органи. Секоја клетка има свој животен процес – се создава, ја врши својата функција (размена на материи, делба) и умира. Во телото постои точно утврден систем според кој секоја клетка функционира нормално и знае кога треба да престане да се размножува. Хормоните преку крвниот систем пренесуваат „порака“ до нашите клетки и ги поттикнуваат да функционираат нормално (размена на материи – го снабдуваат ткивото со кислород и хранливи материи, а го ослободуваат од јаглеродниот диоксид и штетни материи). Целата размена на материи се одвива преку крвниот и лимфниот систем.