Како да си помогнете доколку имате сува уста

Долготрајно пиење лекови, инфекции, дехидратација, хемотерапија и радиотерапија се само дел од причините за појава на сува уста (ксеростомија). Оваа состојба се јавува како резултат на нарушена функција на плунковните жлезди кои лачат многу малку плунка. Без разлика дали трае неколку дена или подолг период, сувата уста е ризик фактор за појава на болести во усната празнина.