Со помош на говорните протези пациентите повторно можат да зборуваат
Целосното отстранување на гркланот кај пациентите со карцином на грклан остава низа последици кај пациентот, а според д-р Љирим Демири најтешка последица е трајно губење на гласот. Но, за среќа, во последните 10 години се применува современа метода за рехабилитација на гласот со вградување говорни протези, кои се изработуваат единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.