Прочитајте што содржи храната пред да ја купите

Етикетите не се првото нешто што го забележуваме кога одбираме производ. Ситни букви, мала етикета, залепена на не толку видливо место па сосема е разбирливо и да ја пропуштиме. Голем број од нас и не разбираат што пишува на етикетата и не знаеме како да ги разбереме нутритивните вредности на производот.  Други, пак, не ги ни интересира што пишува. Но, етикетата е местото каде што можете да прочитате што всушност ќе јадете. Какви состојки има, колку шеќер содржи и други важни информации за производот. Да не заборавиме дека тука имате и информација за условите кои треба да ги обезбедите за да не се расипе производот, како што е температура на чување.