Симптоми кои треба да се следат по повреда на глава
Како да се препознае која повреда на главата е опасна, односно кои се симптомите што укажуваат дека треба да се бара лекарска помош? Главен симптом е губење на свеста, од неколку секунди до еден час. Можно е кај децата да се јават повраќање, раздразливо однесување или плачење. При пад на глава, кај децата најчесто се јавува и повреда на меките ткива на главата, и тогаш се јавува хематом или џумка. Можно е при пад или удар на главата да се повредат коските, и тие повреди може да бидат во вид на линија, коската да е расцветана или да се појави вдлабнување. Овие фрактури може да бидат опасни, оти е можно крвавење над мозочната обвивка, а можна е фрактура и на основата на черепот, каде што може да дојде и до инфекција на мозочното ткиво или менингитис.