Како да го заштитите детето од чести инфекци?

Ризикот од инфекциите за детето при престој во градинка или училиште, треба да се очекува дека ќе се разболува почесто отколку порано, особено во тек на првата година или две по поаѓањето.

“He постои волшебна формула која ќе го засили имунитетот на детето и ќе го штити од можни инфекции”, вели д-р Душко Фидановски, шеф на Одделот за педијатрија во Клиничката болница “Аџибадем Систина”.

“Менталната и моторната зрелост на детето е важен фактор за полесната адаптација на новите услови, па така и развојот на имунитетот и отпорноста кон инфекции се наголемува со растењето, односно како детето расте така станува се повеќе отпорно кон инфекциите”, вели д-р Фидановски.