Неколку тајни кои треба да му ги кажете на докторот
Ако на некое место морате да бидете многу искрени и да ги кажете сите свои тајни, тоа е ординацијата на вашиот доктор. Заборавете на срамот, вашиот доктор е таму за да може да ви помогне и секоја информација што ќе ја споделите со него ќе биде во ваш и негов прилог.