Третман на кардиоваскуларни болести со хибридни интервенции

Глобалниот тренд во медицината да – се постигне максимален ефект со минимален ризик, особено се однесува на кардиологијата, кардиохирургијата и васкуларната хирургија. Тоа подразбира пациентот да се изложи на минимален ризик, а да се постигне максимален дијагностички и терапевтски ефект. Според д-р Жарко Христовски, интервентен кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, во последните 30 години интервентната кардиологија на многу помалку агресивен начин решава проблеми кои претходно беа третирани од хирург.