Промена на бенките аларм за меланом
Кај околу 50% од луѓето во текот на животот барем еднаш се развила некоја претканцерогена промена на кожата, a истражувањата покажуваат дека 70% од луѓето не ги препознаваат предупредувачките знаци. Меланомот е најтешкиот облик на карцином на кожа и со најголема смртност од сите кожни малигни болести. Потекнува од клетките наречени меланоцити. Меланомот е отпорен на зрачење, а хемотерапијата има ограничена улога во неговото лекување, па за да се има добра прогноза неопходна е на времено дијагностицирање, објаснува доц. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Астма во бременост
Неконтролираната астма во периодот на бременост може да доведе до намалување на протокот на кислород до плодот, ризик од раѓање бебе со мала телесна тежина и забавен раст. Кај мајката може да доведе до прееклампсија, проблеми со плацентата и покачен крвен притисок. Астмата е проблем со кој се среќава голем број од популацијата, вклучувајќи ги и трудниците.