Нерегулиран крвен притисок
Современиот начин на живот наметна секој човек барем еднаш во животот да се соочи со состојбата на нерегулиран крвен притисок. Без оглед дали станува збор за висок или низок крвен притисок, состојбата не треба да се занемарува туку да се консултира лекар.Кога крвниот притисок е превисок може да предизвика оштетување на крвните садови. Eднакво опасна состојба е и нискиот притисок, кога недоволна количина крв доаѓа до органите. Крвниот притисок може да варира во краток временски период во одредени вредности, а варијацијата зависи од положбата на телото, бројот на вдишувања и издишувања, физичката активност, психичкиот замор, стресот. Кога се мери крвниот притисок всушност мериме две вредности, систола – притисокот кој го генерира срцето кога ја испумпува крвта во крвните садови и дијастола – притисокот во крвните садови меѓу две срцеви отчукувања.