Причини за предвремено породување
На светско ниво предвремено родени се околу 10% од бебињата, или од десет деца едно се раѓа предвреме. Предвремено породување значи секое породување што настанало пред комплетна 37. гестациска недела. Процентот на недоносени деца постојано расте, ако пред 10 – 15 години беше околу 7-8%, сега статистиката достигна и до 10%. Стручните лица велат дека на ниво на Македонија тој процент е повисок, околу 12%. Причините за предвремено породување се делат во две групи: причини од страната на мајката и причини од страна на децата.