Метеопатија – најчеста болест на модерното општество
Помните ли кога вашите баби и дедовци се жалеа на главоболка, болки во коските и зглобовите поради промена на времето? Денеска речиси сите реагираме на неповолните временски влијанија. Сведоци сме на нагли климатски промени кога температурата во текот на едно деноноќие се менува за 15 – 20 степени. Пролетта и есента траат неколку денови, или воопшто ги нема, па од зима директно влетуваме во лето и обратно. Експертите предупредуваат дека осетливоста на временските промени може да стане најчеста болест на модерното опшество.