Стоматолошки интервенции со целосна анестезија за деца со пречки во развој

Врвниот тим стоматолози посветува посебно внимание на оралното здравје на децата со современи стоматолошки услуги. Покрај стандардните процедури, Одделот за стоматологија во „Аџибадем Систина“ овозможува мултидисциплинарен пристап во третманот на децата со пречки во развојот. Заедно со анестезиолозите, интервенциите се изведуваат во општа анестезија. Пред третманот се прави анестезиолошки преглед. По прегледот детето се упатува во специјално опремена стоматолошка ординација, каде се спроведува третманот.